Top Sport

Од еден „Крал на северот“ до друг „Крал на северот“!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солксјер имаше посебен пречек за големиот навивач на „ѓаволите“, актерот Кит Херингон, кој стекна популарност со улогата на Џон Сноу во „Игра на троновите“.

Херингтон се пофали со фотографија со Солскјер со дрес на кој пишуваше „Крал на северот“, а клубот ја објави фотографијата на својот Твитер акаунт: „Од еден крал на сверот до друг. Добрејде на навивачот Кит Херингтон“.

Пол Погба и Виктор Линделоф исто така споделија фотографии со Херингтон, а Погба напиша: „Не знаеш ништо, Џон Сноу. Одлично е да се сретне легендата“. Крис Смолинг исто така изгледаше изненаден од средбата со актерот.

Scroll to Top