На Роџер Федерер му беа потребни три сета да го победи Филип Колшрајбер во првото коло на Дубаи шампионатот, но турнирот остана без носителите Карен Хачанов и Милош Раонич.
Во првиот меч по поразот во осминафиналето на Австралија опен од Стефанос Циципас, Федерер изгледаше блиску до лесна победа, но неговиот врсник Колшрајбер се врати импресивно во вториот сет за 6:4/3:6/6:1 победа по час и 36 минути на теренот. Следен за него е уште еден ветеран, Фернандо Вердаско, кој со 3:6/6:3/6:2 беше подобар од Томас Фабијано.
Русинот Хачанов, како четврт носител, загуби со 6:4/6:1 од Грузиецот Николоз Басилашвили, додека седмиот носител Милош Раонич, со 6:4/5:7/6:4 го загуби трилерот против Германецот Јан-Ленард Штруф.
Фото: ЕПА
Back in business ?@rogerfederer wins his first match since the Australian Open, overcoming Kohlschreiber 6-4 3-6 6-1 in Dubai. pic.twitter.com/3uAPfVFqYu
— Tennis TV (@TennisTV) February 25, 2019