Top Sport

Мерцедес го „утнаа“ дизајнот, можна е целосна ревизија на предното крило? (галерија)

По првиот Формула 1 тест во 2019 во Барселона и генералниот заклучок дека Ферари го имаат најбрзиот болид, доаѓаат и шпекулации дека актуелните Ф1 шампиони Мерцедес се решиле за„преконзервативен“ дизајн на предното крило, поради што ја загубиле предноста.

Дизајнот на Мерцедес во основа е еволуција на минатогодишното предно крило, додека Ферари се решија за малку похрабар дизајн со заоблување на краевите во обид воздухот да се пренасочи од предните гуми.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф во Барселона призна дека ако некој концепт функционира добро, тогаш е нормално и другите Ф1 тимови да го прифатат тоа.

„Со промените на правилата, морате да бидете отворени на идеи и на тоа што го завршиле другите. Ако нешто функционира подобро, тогаш секој тим ќе се обиде да направи нешто слично. Но, некои работи не се прават ден-за-ден. Ако зборувате за аеродинамичкиот концепт на болидот, не се работи за денови или недели, туку за повеќе месеци“, изјави Волф.

Германскиот „Аутобилд“ пак, тврди дека или Мерцедес имаат толку голема самодоверба, или зад кулисите веќе работат на редизајн на предното крило, кој не би бил достапен на стартот на сезоната, но секако би бил на болидот пред низата европски трки.

„Целосната конверзија ќе трае барем три месеци. ’Сребрената стрела’ изгледа многу нервозно на кривините и предвидувам дека не се толку брзи како во 2018 година, со можеби 2 секунди поспоро време по круг“, вели поранешниот технички директор на Џордан и аналитичар на „Аутоспорт“, Гери Андерсон.

ПРЕГЛЕД НА ДИЗАЈНИТЕ НА Ф1 ТИМОВИТЕ ВО СПОРЕДБА СО ФЕРАРИ

Ferrari v Mercedes

Ferrari v Red Bull

Ferrari v Renault

Ferrari v Haas

Ferrari v McLaren

Ferrari v Racing Point

Ferrari v Toro Rosso

Ferrari v Alfa Romeo

Ferrari v Williams

 

Scroll to Top