Менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс, добил дозвола од клубот да ги почне преговорите со Лестер, објави Би-би-си. „Лисиците“ се во потрага по нов менаџер откако во неделата му врачија отказ на Клод Пуел.
Би-би-си откри дека Роџерс пристигнал на „Кинг Пауер“ и доколку преговорите бидат успешно завршени, тој во наредните 48 часа официјално ќе ѝ биде претставен на јавноста како во предводник на Лестер.
Роџерс четири години ги предводеше Селтик и успеа да освои три тројни круни. Во тековното првенство на Шкотска, Селтик се први на табелата со осум поени повеќе од Глазгов Ренџерс.
Брендан Роџерс во кариерата работел во Челси (тренер на младинските категории), Ридинг, Вотфорд, Свонси и Ливерпул.
Пуел доби отказ по поразот во саботата од Кристал Палас (4:1). Лестер на последните седум натпревари забележаа шест порази. „Лисиците„ се на 12 место во Премиер лигата со 32 бода.