Фудбалерите на ИФК и Гаис се судрија првпат после 7 години во градско дерби во Шведска, но дуелеот траеше само 45 минути. Прекинат е поради пиротехничко шоу кое направи хаос на теренот, се палеа бакљи, летаа топовски удари и летаа ракети кон небото.
На терен ракета со големина на лименка полета на само неколку сантиметри од голманот на Гаис, Марк Јохансон кој по ова се пожалил дека има проблеи со слухот.
„Главата ужасно ме боли, ми ѕвони во ушите. Се уплашив. Првин мислев дека палат обични петарди на трибината, дека нема опасност, по што падна нешто со големина на лименка. Падна покрај мене, па рефлексно почнав да го тријам увото. Ова беше како Нова Година на терен“ – вели Јохансон.
Пиротехничкото шоу се случи во второто полувреме при резулатат 0-0, по што главниот судија ги повлече играчите во соблекувалните.
Fyrverkerier från Blåvittklacken. #ifkgbg pic.twitter.com/wmrdvk4oIG
— David Vukovic (@DaVukovic) February 25, 2019
Bild tagen vid Blåvitts läktare efter matchen mot Gais. #ifkgbg pic.twitter.com/naI4karup4
— Blåvittpodden (@Blavittpodden) February 25, 2019