Пред неколку месеци откако беше запрашан кој е најзгодниот тенисер на АТП турнејата, Роџер Федерер го спомена францускиот тенисер Жереми Шарди, кој сега ја врати услугата.
„Слушнав што изјави Роџер, а мојата сопруга се согласува со него! Барем има двајца кои имаат таква мисла. Кој, навистина е најзгодниот тенисер на АТП турнејата? Би кажал дека тоа е Роџер“, вели Шарди.
32-годишниот Шарди во својата кариера освои една титула (Штутгарт опен во 2009 година), но пријателството со Федерер придонесе тој лани да биде повикан да настапи во Лејвер купот, заедно со Швајцарецот и со Новак Ѓоковиќ.
„Беше фантастично да се биде во тимот со нив, неверојатни тенисери кои се најдобри во историјата. Оваа сезона сакам само да се борам и да завршам во топ 50. Мојот најдобар рејтинг беше топ 25, но не знам дали тоа е достижно“, вели Шарди.