Top Sport

Мурињо: Што ќе се случеше јас да направев како Чоло?

Жозе Мурињо повторно изјави дека медиумите и јавноста се однесуваат поинаку кога се работи за него, посочувајќи дека има поинакви критериуми ако се погледнат критиките кон тренерите како Диего Симеоне и Маурисио Почетино.

Тренерот на Тотенхем, Почетино влезе во агресивна расправија со судијата Мајк Дин по поразот од Барнли, за што ќе добие казна од ФА, додека Чоло Симеоне беше на насловните по контроверзната прослава со фаќањето за „мадиња“ во победата над Јувентус во Лигата на шампионите.

„Можете ли да замислите јас да направев нешто како Симеоне? Навистина? Какви ќе беа последиците. Немам проблем со Чоло, ми се допаѓа каков што е, но тоа не е поентата. Да направев нешто како Почетино? Какви ќе беа последиците? Да, јас бев третиран поинаку, а навистина не ја знам причината“, вели Мурињо за „Телеграф“.

Иако вели дека никогаш не зборува за своите поранешни клубови каде што работел, тој признава дека на едно место му било најдобро.

„Идеалниот клуб за мене беше Интер. Тие имаа амбиција и луѓе со кои сакав да работам и уживав таму“, додава Португалецот, кој е без работа откако во декември Манчестер јунајтед го отпуштија и го заменија (привремено) со Оле Гунар Солскјер.

Scroll to Top