Напаѓачот на Ливерпул Роберто Фирмино ќе биде подготвен за градското дерби против Евертон. Бразилецот, во неделата, во првото полувреме го напушити натпреварот со Манчестер Јунајтед (0:0).
Од претпазливост Фирмино нема да игра вечерва против Вотфорд, но менаџерот Јирген Клоп рекол дека ќе биде подготвен за натпреварот што викендов „црвените“ ќе го одиграат против Евертон.
„Имавме среќа, не е толку сериозна повредата. Кога тој излегува пред време тоа најчесто не е добар знак, бидејќи е цврсто момче. Мечот со Вотфорд доаѓа малку прерано за него, но има големи шанси да заигра во дербито“, рекол Германецот.
Роберто Фирмино оваа сезона има постигнато 12 гола за Ливерпул во сите натпреварувања.