Top Sport

Џабар на аукција нуди четири НБА прстени

Славниот американски кошаркар Карим Абдул-Џабар на аукција ќе понуди четири свои шампионски прстени. Најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата собира пари за својата фондација, а средствата ќе бидат искористени за хуманитарни цели.

Легендарниот центар шест пати ја освојувал шампионската титула, еднаш со Милвоки Бакс во 1971 година и пет пати со ЛА Лејкерс (1980, 1982, 1885, 1987, 1988). Тој на аукција ќе стави четири од шесте шампионски прстени.

На аукцијата ќе бидат понудени уште стотина негови предмети (дресови, патики, униформи…). Собраните пари ќе бидат проследени во неговата фондација „Скајхук“, со цел да се помогне во образованието на децата во математика, науката и технологијата.

Исто така аукциската куќа „Голд“, која го организира наддавањето ќе понуди и потпишана топка со која Абдул-Џабар, во 1989 година, го одиграл својот последен меч.

Се проценува дека почетната цена на шампионските прстени ќе биде 60.000 долари.

Scroll to Top