Дебитантот од Мекларен, Ландо Норис, забележал најбрзи времиња на финалните тестирања пред стартот на новата сезона во Формула 1.
Британецот бил најбрз со време 1:17.709 минути. Вторт најдобар резултат остварил Пјер Гасли од Торо Росо (1:17.715). Уште тројца дебитанти, на финалните тестирања, забележале добри времиња.
Петто време имал Антонио Џовинаци од Алфа Ромео (1:18.589), шести бил Александер Албон од Торо Росо (1:18.649 ), а Џорџ Расел од Вилијамс завршил на деветтото место (1.19.662).
Инаку трет најдобар резултата забележал возачот на Поинт Рејсинг (поранешена Форс Индија), Ленс Строл (1:17.824). Строл за една стотинка бил побрз од Себастијан Фетел.
Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, не блеска и на финалните тестови. Времињата им биле преку минута и 20 секунди, поради што Ботас бил единаесетти, а Хамилтон позиција зад него.
Сепак, коментарите се дека Мерцедес не го покажува „вистинското лице“ на тестирањата, туку вистинската сила јавноста и фановите ќе ја видат на трките.
Новата сезона ќе биде отворена во Австралија, а викендот во Мелбурн ќе започне на 14 март, првата трка во сезоната ќе се вози два дена подоцна.
Во пред сезоната најдобри резултати покажаа Ферари. Болидот на италијанскиот тим е исклучително брз, а веднаш зад нив се Ред Бул.