Манчестер Јунајтед подолго време ги следеле настапите на Иван Ракитиќ, пишуваат англиските медиуми. Хрватот, веројатно, во летниот преоден рок ќе ја напушти Барселона, иако тој самиот изјавува дека е среќен во Каталонија.
Ракитиќ е еден од клучните играч на Барселона, но она што претставува проблем во клупската политика се неговите години. Неодамна тој го прослави 31 роденден, клубот на неговата позиција од лани го има Артур, а за наредната сезона доаѓа и 21-годишникот од Ајакс, Френки Де Јонг.
Со оглед на неговите години јасно е дека Барселона нема да одбијат добра понуда за Ракитиќ. Покрај Јунајтед интересот за овој фудбалер не го кријат ниту од Интер. е шпекулира дека Интер веќе понудила помеѓу 35 и 40 милиони евра за Ракитиќ.
Ракитиќ во 2014 година од Севилја се преселил во Барселона, а претходно играл за Шалке и Базел.