Шпанските медуми, покрај реваншот во Купот помеѓу Реал и Барселона, големо внимание му посветуваат и на Герет Бејл, поради начинот на кој, во Валенсија против Леванте, го искажа незадоволството.
Бејл му бил лут на тренерот Сантијаго Солари бидејќи не добива место во стартниот состав, а на соиграчите, најмногу на Марсело и Тибо Куртоа, им се налутил бидејќи на новинарите им откриле дека слободното време го користел за да игра голф и дека за шест години не го научил шпанскиот јазик.
Кога зборувале за Бејл соиграчите го нарекувале „голфер“. Меѓутоа како што тврди познатиот новинар Едуарди Инда соиграчите му извадиле уште еден прекар, „марсовец“.
Зошто „марсовец“? Бидејќи за шест години успеал да го направи невозможното, односно не стекнал ниту еден пријател во клубот.
Бејл и вечерашниот дуел против Барселона ќе го започне од клупата за резерви. Солари ќе менува само на голот и на позицијата лев бек, каде ќе настапат Кејлор Навас и Регуилон.