Челси направија голем гаф, откако на Твитер ги запрашаа своите фанови со кого би сакале да потпишат договор во текот на летото, само една недела откако ФИФА му додели забрана за трансфери во следните два преодни рока.
ФИФА оцени дека Челси се виновни за прекршување на правилата при потпишување на млади фудбалери надвор од Европа во петокот, но тоа не ги спречи на Твитер да постават едноставно прашање: „Со кого би сакале да потпишеме ова лето“ поставувајќи линк до својот веб-сајт на кој се пишуваше за централниот бек на Милан, Алесио Ромањоли како потенцијална мета.
Твитот потоа беше отстранет, иако многу фанови луто реагираа на оваа објава. Дел од нив на шега посочија дека голманот Кепа Аризабалага ќе го има „конечниот збор“ околу тоа кој ќе дојде по неговото одбивање да биде заменет од тренерот Маурицио Сари во неделното финале од Лига купот.