Кирил Лазаров постигна четири гола за да остане најдобар стрелец на Нант во Лигата на шампиони оваа сезона (66 гола), но го направи фаулот во последната секунда по која Хампус Ване постигна гол за 29:29 реми со Рајн-Некар Левен, резултат со кој германскиот клуб го обезбеди третото место во групата А во Лигата на шампионите
РНЛ беше во мала криза по поразот од Мотор Запорожје и тесната победа над Целје, но пред три дена се вратија со победа над ППД Загреб на гости и очекуваа триумф над Нант. Мечот беше израмнет во поголемиот дел од 60-те минути, пред во финишот францускиот клуб да направи мала предност, меѓутоа во последните минути од мечот, РНЛ прво остана со играч помалку, а потоа со два гола од пенал дојде до ремито.
Покрај Лазаров, во Нант Валеро Ривера беше најдобар стрелец со пет гола а по четири имаа и Клер и Балагуер. За германскиот тим, Род Абелвик заврши со пет гола.
Двата тима одат понатаму, но третото место на РНЛ ќе им носи теоретски полесен противник во плеј-офот.