Top Sport

Кепа веќе не е прв голман! Кабалјеро меѓу диреците против Тотенхем

Маурицио Сари го покажа својот авторитет откако реши Кепа Аризабалага да не биде стартер за вечерашниот меч против Тотенхем по сцената која ја предизвика во финалето од Лига купот против Манчестер сити.

Голманот вреден 80 милиони евра, доби казна од една недела без плата, откако одби да излезе од игра во последните моменти од второто продолжение во финалето на Карабао купот при 0:0 резултат. На крајот тој остана на голот, а Сити победија на пенали за титулата.

Двајцата инсистираа дека се работи за „недоразбирање“ откако Сари сфатил дека Кепа е повреден, но Италијанецот реши да го постави Вили Кабајлеро на голот за мечот против Тотенхем.

„Тој се извини на техничкиот тим, на фудбалерите и на клубот. Не сакаме да го убиеме“, изјави Сари, но очигледно реши тој да не биде во составот, барем засега.

Соиграчите спречиле тепачка помеѓу Кепа и Кабаљеро

Scroll to Top