Милиони следбеници што на социјалните мрежи ги има тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, од денес не можат да пристапат кон неговите профили на „Твитер“ и „Инстаграм“.
Алегри поради критиките на кои бил изложен по натпреварот со Атлетико во Мадрид решил да „исчезне“ од социјалните мрежи.
Тренерот деновиве е честа тема и во италијанските медиуми кои шпекулираат дека тој по завршувањето на сезоната ќе ја напушти функцијата и дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Италија.
Како можен негов наследник се споменува поранешниот тренер на Реал, Зинедин Зидан.