Фудбалскиот клуб Рома, во четвртокот, објави дека клубот го откупил договорот на Брајан Кристанте.
Аталанта, во летниот преоден рок, го испрати Кристанте на позајмица во Рома, за пет милиони евра, со можност неговиот договор да биде откупен за дополнителни 15 милиони евра.
Кристанте има добра сезона зад себе, поради што спортскиот директор Мончи решил во целост да го откупи неговиот договор.
Играчот од редот за врска во Рома ќе остане до јуни 2024 година. Кристанте годишно ќе заработува 1,4 милиони евра.