Тереза Јохауг го освои третиот златен медал на Светското првенство во нордиски дисциплини кое се одржува во Зелден, Австрија. Норвежанката победи во трката со масовен старт на 30 километри.
Јохауг во саботата го освои десеттиот златен медал на светските првенства. На тековното првенство во Залден таа претходно победи на трките на 10 километри и скијатлон, а има и сребро со штафетата на Норвешка.
Норвежанката беше надмоќна во однос на конкурентките на трката на 30 километри. Таа забележа време 1:14:26.2 часа. Повеќе од половина минута задоцни нејзината сонародничка Инфвилд Естбер, а третото место го освои младата Швеѓанка Фрида Карлсон.