Жозе Мурињо вели дека ги ставал потребите на Манчестер јунајтед пред сè во својата последна година на чело на тимот, и дека некои фудбалери требале да го направат истото, во индиректна порака до Пол Погба.
Мурињо беше отпуштен во декември по еден од најлошите стартови на сезона во историјата на клубот, а беше во директен конфликт со Пол Погба, оставајќи го на клупата во важните натпревари.
„Во последната сезона имав проблеми, но очигледно не сакам да зборувам за тоа. Не можам да демантирам дека некои фактори влијаеја на лошата форма во последната година, но невозможно е да освојуваш титули без добри односи со фудбалерите. Но, мораш да бидеш човек на клубот и треба да заборавиш на своите потреби. Јас секогаш сум го правел тоа. Се поставив во ситуација во која во очите на тие надвор од клубот ти си виновен, но јас секогаш давав сè за клубот“, вели Мурињо.
Тој ја освои титулата од Карабао купот и Лига Европа со Јунајтед и ги врати во Лигата на шампионите, но признава дека крајот не бил најдобар.
„Не е возможно да освојуваш трофеи без добри односи со фудбалерите. Во Реал Мадрид освојував трофеи, во Челси освојував многу трофеи и истото го направив и во Јунајтед“, додава Мурињо.