Top Sport

„Самит“ во Рома по катастрофата против Лацио

По 3:0 поразот во „Дерби дела капитале“ од Лацио, раководството на Рома останало на „кризен самит“ до доцна во ноќта, а се планира и „изолација“ на тимот пред мечот од Лигата на шампионите со Порто, јавуваат италијанските медиуми.

Со засрамувачкиот пораз, Рома не само што пропушти шанса да ги „фати“ Интер на четвртото место, туку дозволи и Лацио да влезе во борба за место во Лигата на шампионите. Италијанските медиуми велат дека веднаш по поразот имало состанок на сите директори на клубот од престолината, вклучувајќи ги Мончи, Франческо Тоти и Мауро Балдисони.

Иднината на тренерот Еузебио ди Франческо, според нив, сега зависи од резултатот во Лигата на шампионите.

Фото: ЕПА

Дебакл на Рома во „Дерби дела Капитале“ (Видео)

Scroll to Top