Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ вели дека најдобрата позиција на Герет Бејл е нејасна по пет години на „Бернабеу“, откако Велшанецот беше исвиркан од домашната публика при 0:1 поразот од Барселона.
Бејл не успеа да импресионира во мечот, иако се очекуваше дека тој ќе ја пополни празнината во тимот по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, но Велшанецот, кој дојде од Тотенхем во 2013 година успеа да стигне само до седум гола во 21 настап во Ла лига оваа сезона.
„Сакам да ве прашам, дали некој може да ми објасни која позиција е идеална за Бејл по пет години? Ако го поставите на лево, тогаш ништо не прави. На десната страна исто така. Како втор напаѓач, исто така. Поминаа пет години и уште не можам да си објаснам каде да го ставите за да покаже што знае“, вели Мијатовиќ во интервју за „Кадена СЕР“ радио-станицата.
Фото: ЕПА