Шпекулациите кои ги поврзуваат Масимилијано Алегри со клупата на Интер се зголемуваат во Италија, по најавите дека тренерот на Јувентус смета дека „авантурата“ во Торино доаѓа до својот природен крај.
Според „Тутоспорт“, но и „Кориере дела сера“, Алегри сака да ја продолжи соработката со поранешниот директор на клубот, Бепе Марота, а во Интер сметаат дека Лучано Спалети направил максимум со клубот.
Овој трансфер во лутите ривали би бил изненадувачки, но Алегри имаше сличен притисок и кога дојде на „Алијанц стадионот“ од Милан. Марота беше критикуван кога го избра Алегри како замена за Антонио Конте, но тоа се покажа како вистински потег и тренерот им донесе две финалиња од ЛШ и ја продолжи победничката низа.
Фото: ЕПА