Top Sport

По поразот во дербито, Марега ќе се тепаше со навивачите на Порто (видео)

Порто загуби од Бенфика со 2:1 во дербито на португалскиот шампионат, а ова налути дел од навивачите на шампионот Порто, кои решија да се пресметаат со напаѓачот Муса Марега.

Порто со поразот го препушти првото место на Бенфика со два поени предност, а по мечот на „Драгао“, навивачите прво го нападнаа автобусот на гостите, а за малку ќе настрадаше и фудбалерот од Мали, Марега.

Тој реши да застане со автомобилот и да тргне кон навивачите, но за среќа, не се случи физичка пресметка.

Scroll to Top