Top Sport

Иличиќ се изнаплака за екскапитенот Астори, па ја уништи Фиорентина (видео)

Аталанта ја победи Фиорентина со 3:1 во уште еден трилер-меч меѓу двата тима, само три дена откако тие се сретнаа во 3:3 ремито во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија, а и емоциите беа на високо ниво по прекинот во чест на починатиот капитен на Виола, Давиде Астори.

Грешката на Мартен де Рон во шестата минута беше казнета од Луис Муриел, кој ги донесе Фиорентина во водство за шок на „Атлети аѕури д’Италија“. Во 13. минута, мечот беше прекинат во чест на Астори, чија едногодишнина од трагичната смрт се одбележува утре. Астори , иако беше капитен на Фиорентина, по потекло е од близината на Бергамо и неговиот гроб е на само 20 километри од стадионот на Аталанта.

 

Неговиот поранешен колега од Фиорентина, Јосип Иличиќ беше најемотивен, но тоа не му пречеше во 28. минута да донесе израмнување за Аталанта. Капитенот Папу Гомез, само шест минути подоцна го комплетираше пресвртот за 2:1 водство, за на крајот Робин Госенс во 69. минута да ги постави конечните 3:1.

Со победата, Аталанта е на седмото место на табелата со 41 поен, израмнети со шестопласираните Лацио, додека Фиорентина е на 10. место со 36 поени.

Scroll to Top