Top Sport

Конечно, деби АТП-титула за Гвидо Пелја

Аргентинецот Гвидо Пелја ја скрши клетвата на порази во АТП финалињата, откако во петтиот обид со 7:5/6:3 го победи Чилеанецот Кристијан Гарин за трофеј од Бразил опен во Сао Пауло.

Пелја не загуби ниту еден сет на турнирот, завршувајќи ја неделата од соништата со победа по час и 3 минути игра. Нервите, сепак, имаа улога, откако тој направи брејк во вториот сет за потоа да загуби низа поени, но на крајот титулата беше негова. Минатата недела тој загуби предност од сет и брејк во финалето во Кордоба од Хуан Игнасио Лондеро.

Со победата, Пелја ќе се искачи на 34. место на АТП листата, а од Бразил си заминува со чек од 94.830 долари.

Scroll to Top