Герет Бејл не е омилен меѓу навивачите на Реал Мадрид. Човекот што требаше да го наследи Кристијано Роналдо, тоа го „заслужил“ со својот однос кон соиграчите и клубот.
Бејл, во саботата, беше во почетниот состав на Реал во дербито со Барселона. Меѓутоа не направи ништо на теренот, беше далеку најлошиот играч на „кралскиот клуб“, поради што тренерот го повлече од теренот во 61 минута.
Теренот Велшанецот го напушти со концерт на свирежи од трибините. Веројатно поради тоа тој на клупата се задржал само неколку минути, потоа заминал во соблекувалната си ги собрал работите и го напуштил стадионот.
Нешто слично направи и на натпреварот со Реал Сосиедад, кога Реал беа поразени во Мадрид 2:0. Разликата е само во тоа што тој тогаш не играше поради повреда, мечот го следеше од трибините.
Навивачите и тогаш беа гневни бидејќи заминал пред мечот да биде завршен.
Исто така тој не е омилено лице во соблекувалната, особено по мечот со Леванте кога не сакаше да го прослави голот со соиграчите.