„Случајот Мауро Икарди“ во кој главен актер е неговата сопруга Ванда Нара, не престанува да ја окупира италијанската јавност. Гласни се шпекулациите дека Аргентинецот нема да го продолжи договорот со Интер и дека во летниот преоден рок ќе го напушти тимот.
Целиот случај започна кога Интер решија да му ја одземат капитенската лента на Икарди. Потоа тој одби да патува со тимот на натпреварот против Рапид во Виена, а потоа пријави дека е повреден. Икарди еден месец не е во тимот, а италијанските медуми тврдат дека тој нема да игра до крајот на сезоната.
Во меѓувреме, Ванда Нара, која му е менаџерка на сопругот, не престанува со коментарите во јавноста. Во емисијата „Тики Така“ таа се пожалила дека таа и нејзиниот сопруг биле „дежурни виновници“.
„Секогаш позитивно сум зборувала за Интер, но сега и тоа е проблем. Не можам да изнесам ниту позитивни предлози. Доколку претставува проблем моето присуство тогаш е се повлечам, но ми кажаа дека тоа не е проблем. Исто така кога Мауро молчи тоа не е добро, а не добро ниту кога ќе се огласи преку Инстаграм“, рекла Ванда Нара, а потоа добила жесток одговор од поранешниот репрезентативец на Италија, Антонио Касано.
„Премногу зборуваш на социјалните мрежи за Интер, Спалети, Лаутаро… Мислам дека ти го креираш овој хаос. Со причина луѓето во клубот му ја одзеле капитенската лента на Икарди. Ако Икарди сака да игра, тогаш ќе игра. Ако не сака тогаш нека исчезне од Интер, нека го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Кога имав 20 години, во Рома, без заменик-капитен. Тоа ми го одзеде Спалети, ми кажа дека не сум добар пример. Беше во право. Иста е и оваа приказна“, заклучил Касано.
#Cassano attacca @wandaicardi27: "Tutto questo disastro l'hai creato tu. Se #Icardi vuole giocare, giochi".
Fantantonio a @Tikitakacanale5 contro la moglie-agente di Maurito: "Gli hai fatto intorno terra bruciata. Via la fascia, un motivo c'è". https://t.co/ZWrM7o4fsn— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) March 4, 2019