Top Sport

Ширер: Мо Салах е „прочитана книга“

Поранешниот голгетер на Блекбурн, Њукасл и репрезентацијата на Англија, Алан Ширер, тврди дека предвидливоста и лошата форма на Мохамед Салах се причините поради кои Ливерпул им го препуштија првото место на Манчестер сити.

„Црвените“, вчера во градското дерби, одиграа 0:0 со Евертон. Салах имаше добра шанса во првиот дел, но Пикфорд му го одбрани ударот. Ширер во колумна за „Сан“, тврди дека противничките тимови лесно ја читаат играта на Салах.

„ Дефанзивците сега точно знаат што ќе направи Салах. Тој од десната страна влегува во средината за да се намести на левата нога. Исто така никако не може да ја најде вистинската форма во важните натпревари. На двата натпревари против Евертон и во осум натпревари против најдобрите шест екипи во лигата, Салах оваа сезона има постигнато само еден гол, против Арсенал од пенал“, напишал Ширер.

Во пресрет на последните девет кола во Премиер лигата, на табелата водат Манчестер сити со поен повеќе од Ливерпул.

Scroll to Top