Кога бразилскиот фудбалер Оскар реши да замине од Челси во тимот на Шангај СИПГ, тоа беше шок за светскиот фудбал. 26-годишниот фудбалер од средниот ред во тој момент имаше понуди од Атлетико Мадрид и од повеќе италијански клубови, но тој се реши да направи трансфер во богатата кинеска лига
„Секој фудбалер, секој човек кој работи сака да заработи за своето семејство. Јас потекнувам од сиромашно семејство и немавме ништо. Ова е плод на мојата работа и кога заработувам тоа е само поради тоа што го направив. Како што дојдов во Кина, ќе можам и да се вратам во Европа. Каква и одлука да направам, некој ќе зборува лошо за мене. Кина има неверојатна финансиска моќ и понекогаш прави понуди кои не можат да се одбијат. Но, како што видовме со Паулињо, кој дојде во Барселона, има доволно простор за враќање во Европа“, вели Оскар.
Бразилецот исто така вели дека доволно направил и во англиската Премиерлига.
„Пристигнав многу рано во Европа. Имав 19 години и останав во Челси пет години, во кои освоив две титули. Освоив и светска титула со Бразил, така што не можете да кажете дека не остварив ништо. На Шангај и на Кина и се потребни помлади фудбалери. Во Бразил почнуваш да играш на високо ниво на 13 или 14 години. Тука во Кина, почнуваат на 18 или 19. Мора да има талент со толку многу луѓе. Фановите се одлични, но фудбалот е нова работа и не се толку луди како бразилските навивачи“, вели Оскар.