Top Sport

Ќиро во свој стил: Среќен сум за Србија, се изначекаа кутрите!

Поранешниот селектор на Хрватска, Мирослав Ќиро Блажевиќ, човекот кој ја однесе славната хрватска генерација од 1998 година до третото место на СП во Франција, изјави дека е среќен што Србија се пласираше на едно Светско првенство.

Србија обезбеди директен пласман во Русија, додека Хрватска ќе мора да чека бараж-дуел за да им се приклучи на „орловите“.

„Толку чекаа кутрите, со играчи во најголемите клубови, но никогаш на големиот тест, на Европско или на Светско. Многу сум среќен што конечно успеаја во тоа. Чекањето беше долго и тие го заслужија местото. Сигурен сум дека ќе имаат значајна улога на шампионатот“, изјави Блажевиќ.

Scroll to Top