Top Sport

Вињалес со најдобро време, Роси го уништи мотоциклот

Маверик Вињалес беше најбрз на првиот ден тестирање по крајот на Мото ГП сезоната во Валенсија со шасија од 2016 година, додека неговиот колега од Јамаха, Валентино Роси имаше страшен пад во сесијата.

Новокрунисаниот четирикратен шампион Марк Маркез водеше со Хонда во поголемиот дел од тестот, пред Јохан Зарко, па Вињалес да постават најдобри времиња во последниот час од сесијата.

Најдоброто време на Вињалес беше 1:30.189. Втор најбрз беше Зарко во Тех 3 Јамаха со две десетинки послабо време, додека Маркез со прототипот на мотоциклот за 2018 постави време од 1:30.501.

Роси исто така имаше солиден ден конкурентно со четврто најдобро време, и покрај страшниот пад на 10-тата кривина на патеката „Рикардо Тормо“. За среќа, тој немаше никакви фрактури и други посериозни повреди.

 

Scroll to Top