Top Sport

Тадиќ: Изгледа премногу сум го гледал Зидан

Ајакс синоќа го декласира европскиот првак Реал. Среде Мадрид, холандскиот тим, победи 4.1 и се пласираше во четврт-финалето во лигата на шампионите. Фудбалскиот свет е воодушевен од играта на Ајакс и нејзниот лидер Душан Тадиќ.

Српскиот репрезентативец беше асистент за првите два гола, го постигна третиот, а тој го изнуди фаулот по кој Шене ја заби последната шајка во ковчегот на „кралскиот клуб“.

Спектакуларен беше потегот на Тадиќ, кога со ролинг се ослободи од Каземиро, а потоа со прецизно додавање го „спои“ Нерез со голот.

„Веројатно сум гледал премногу снимки со најдобрите потези на Зидан. Секогаш Зидан беше мојот омилен играч. Се што правеше беше посебно. Игравме против најдобриот тим на планетата. Голема работа е што ги победивме на ваков начин. Токму поради вакви натпревари потпишав за Ајакс. Кога играме тимски тогаш можеме да направиме големи работи. Сега само треба да продолжиме да играме вака“, рекол Тадиќ.

Ајакс прв пат по сезоната 2002/2003 избори пласман меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/iammoallim/status/1103070200260423680

Scroll to Top