Top Sport

Дали Федерер на „стари години“ ќе се обиде со бекхенд со две раце?

Роџер Федерер минатата недела го освои својот 100. трофеј во Дубаи и веднаш почна со работа за следниот турнир, големиот Мастерс во Индијан Велс, од каде доаѓа една малку изненадувачка фотографија и најава, дека по толку години тој работи на нова техника – бекхенд со две раце!

Швајцарецот изгради репутација на еден од најелегантните тенисери во историјата, препознатлив по неговиот бекхенд со една рака. Меѓутоа, според „инсајдерски“ информации од Индијан Велс, под водство на Иван Љубичиќ, Роџер ќе тренира бекхенд со две раце за да се „бори“ против сè поспорите подлоги.

Останува да се види дали се работи само за „случајна“ фотографија или Швајцарецот на 37 години ќе го смени својот препознатлив стил.

Scroll to Top