Top Sport

Гол: Солари сигурно нема да биде тренер на Реал следната сезона

Реал Мадрид веќе имаат одлучено дека Сантијаго Солари нема да биде на чело на клубот за сезоната 2019/20, јавува влијателниот фудбалски портал „Гол“ по катастрофалната недела дена за „кралскиот клуб“.

Реал загуби двапати од Барселона на домашен терен, еднаш во купот, еднаш во лигата, пред во вторникот во спектакуларен меч да загубат со 1:4 од Ајакс и да бидат елиминирани од Лигата на шампионите, натпреварување во кое доминираа последните три сезони. Со поразите, Реал е елиминиран од Копа дел реј и ЛШ, а заостануваат и 12 поени зад Барселона на табелата на Ла лига, со што се уништија сите надежи Солари да биде тренер и следната сезона.

Претседателот на тимот Флорентино Перез и генералниот директор Хозе Анхел Санчез го примија поразот стоички во својата ВИП-ложа, а Емилио Бутрагењо изјави дека  „мора да се остане мирен“, но „Гол“ тврди дека големите веќе донеле одлука Аргентинецот да не биде тренер по одбивањето да го смени стартниот состав и покрај поразите од Барса.

42-годишниот Солари изјави дека не планир да даде оставка, но во Реал веќе сакаат да заборават на сезоната 2018/19, која започна со Хулен Лопетеги на клупата. Жозе Мурињо и Маурисио Почетино се главни конкуренти за неговата работа, а во Реал се надеваат дека ќе го убедат и Зинедин Зидан да се врати на клупата.

Иронично, денеска се прославува 117. роденден на клубот од Мадрид, но прославите изостанаа. Мадрид се во криза, белите шамивчиња се подготвени. Не очекува бурен период.

Солари нема да си поднесе оставка

Scroll to Top