Григор Димитров поради болки во рамото го откажал настапот на првиот мастерс во сезоната, турнирот во Индијан Велс, објавија бугарските медиуми. Поради истата повреда, Димитров, не учествуваше на турнирите во Ротердам и Акапулко.
Димитров, 28 на АТП листата, на мастерсот во Индијан Велс беше поставен за 26 носител. На овој турнир тој никогаш не успеал да стигне подалеку од третото коло.
Пред повредата 27-годишниот тенисер последниот меч го одигра на Австралија опен, каде што во четвртото коло загуби од Американецот Френсис Тијафо.