Top Sport

Меси се враќа кај „гаучосите“, ама условува без селфи и фотографии со играчи и навивачи

Лионел Меси се враќа во репрезентацијата на Аргентина, а тамошните медиуми тврдат дека барал посебни услови за да го стори тоа.

Првпат по дебаклот на Мундијалот во Русија Меси се најде на списокот на репрезентативци на новиот селектор Скалони, за пријателските мечеви против Венецуела и Мароко.

Славниот Аргентинец поставил неверојатни услови со кои ја разбранува јавноста. Тој само под тие услови би патувал во Африка.

„Новинарите нема да имаат дозвола да му земаат изјави и никој не смее да го фотографира. На навивачите и на фудбалерите на Мароко ќе им биде забрането да прават селфи со него. Играчите на Мароко нема да смеат да бидат агресивни против Меси. Фудбалскиот сојуз на Аргентина ќе им вети на ривалите дека Меси ќе одигра барем по 60 минути на мечевите“ – се условите за настап на Меси во арегентинската фудбалска селекција.

Условите ја разгневија јавноста во Мароко, но и во Аргентина, а тамошните медиуми пишуваат дека со ова Меси си создава дополнителен притисок и ја зголемува нетрпеливоста кај навивачите.

Scroll to Top