Top Sport

Зверев има уште да „учи“, Федерер го доби во три сета

Роџер Федерер ја забележа својата втора победа по натпреварите по групи на АТП финалето во Лондон, победувајќи го Германецот Александер Зверев со 7:6(6)/5:7/6:1 за да се пласира во полуфиналето на турнирот кој го освои шест пати.

Во еден од најочекуваните мечеви од првата недела на АТП финалето, Федерер беше подобар по 2 часа и 12 минути игра, и му го нанесе третиот пораз на младиот Германец во петте меѓусебни мечеви за слатка одмазда за поразот во финалето на Мастерсот во Канада во август.

Првите два сета беа екстремно израмнети, но 19-кратниот гренд слем шампион ја направи одлучувачката предност во третиот сет, правејќи три брејка за да го комплетира мечот. Сега му останува само „неважниот “ меч против Марин Чилиќ, додека Зверев и Џек Сок во директна пресметка ќе го одредуват вториот патник во полуфиналето.

Scroll to Top