Top Sport

ИКЕА се потсмева со Италијанците

Познатиот шведски производител на практичен мебел ИКЕА преку новата реклама се потсмеваше со поразот на Италија во двомечот со Шведска и неуспехот да се стигне до Светското првенство, првпат од 1958 година.

Покрај сите проблеми на „аѕурите“, во вторникот една од најшокантните вести беше одбивањето на Џанпјеро Вентура да си поднесе оставка, и во ИКЕА сметаа дека тоа е причина за шега.

„Ако Џанпјеро ни прости што му помогнавме да ја загуби неговата клупа, ќе му понудиме нова“, пишува на рекламата со распродажба на клупа за во градина за 89.99 евра.

Scroll to Top