Top Sport

Лев: Де Роси покажа дека е голем човек

Германскиот селектор Јоаким Лев беше воодушевен од реакцијата на Даниеле де Роси, кога италијанскиот ветеран одговори луто кога му беше порачано да се загрева за влез во игра.

Италија шокантно не се пласираше на Светското првенство по 1:0 поразот во двомечот со Шведска, а кога на Италија и требаше гол во финишот на вториот натпревар на „Сан Сиро“, од Де Роси беше побарано да се загрева, а тој луто покажа кон Лоренцо Инсиње посочувајќи дека тогаш на Италија и беше потребен напаѓач. На крајот, селекторот Џанпјеро Вентура не го стави во игра Инсиње, но Лев беше импресиониран од 34-годишниот играч на Рома, Де Роси.

„Прочитав дека Де Роси не сакал да влезе во игра, бидејќи тогаш им требало напаѓач. За мене тоа покажува дека е голем човек. Тажно е за Италија, навистина би сакал да бидат дел од СП. Но, сè се случува, и мораме да им честитаме на Швеѓаните. Го гледав натпреварот и тие го дадоа својот максимум. За мене нешто ќе недостасува без италијанскиот тим на СП, но ова треба да го искористат за нов почеток, бидејќи голем број од играчите им се пензионираат. Џанлуиџи Буфон, Леонардо Бонучи, Де Роси. Тоа се класа играчи“, вели Лев.

Де Роси: Јас да влезам? Дали сте нормални ни треба напаѓач! (Видео)

Scroll to Top