Top Sport

Де Роси: Јас да влезам? Дали сте нормални ни треба напаѓач! (Видео)

Даниеле Де Роси е еден од бројните италијански фудбалери кои по дуелот со Шведска објавија крај на репрезентативната кариера.

Покрај Де Роси од репрезентацијата се простија Џиџи Буфон, Андреа Барзаљи, Џороџо Кјелини.

Италија синоќа одигра 0:0 со Шведска на „Сан Сиро“ и поради поразот 1:0 во првиот меч не успеа да избори пласман на Светското првенство. Азурите, кои се четиркратни светски шампиони, прв пат по шест децении нема да бидат учесници на завршната смотра на светскиот фудбал.

Инаку, Де Роси, за разлика од првиот меч во Солна, не беше стартер, а иако постоеше можност да влезе во игра, тој не сакаше да го направи тоа.

На сугестија на луѓето од стручниот штаб на селекторот Вентура да им се приклучи на соиграчите кои се загреваа крај аут линијата, искусниот фудбалер збунето одговорил:

„Зошто јас да влегувам? Ни треба победа“ и погледнал кон Инсиње, јасно ставајќи до знаење дека напаѓач треба да влезе на теренот.

Scroll to Top