Top Sport

Челси со лута реакција на забраната на УЕФА!

Барањето на Челси до ФИФА за дозвола на трансфер-активност додека трае истрагата за наводните прекршоци кои ги направи поранешниот  англиски шампион е одбиен од светската федерација, по што клубот издаде невообичаено „луто“ соопштение.

Минатиот месец, ФИФА потврди дека Челси доби забрана за трансфери во следните два преодни рока по завршувањето на истрагата. Челси веднаш се жалеше на одлуката и бараше одложување на казната до следното лето, но ФИФА го отфрли тоа. Од Челси реагираа со невообичаена строгост во соопштението.

„Челси ФЦ се зачудени од одлуката на апелациониот комитет на ФИФА да не ја одложи казната додека трае процесот на жалба. Клубот се однесуваше според регулативите и веќе ги извести ФИФА за жалбата против одлуката на дисциплинската комисија. Мора да се дозволи процесот на жалба според правилата на ФИФА, швајцарските закони и сите други релевантни правни процедури. Челси смета дека кон нас се однесувате непостојано и не-фер во споредба со другите европски клубови. Ќе размислиме за нашите следни чекори и за можниот процес до Судот за арбитража во спортот (ЦАС)“, се вели во соопштението на Челси.

Scroll to Top