Top Sport

Луис Енрике: Лео Меси е излезен од „Матрикс“!

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике направи интересен опис на Лионел Меси и неговите фудбалски вештини, велејќи дека Аргентинецот како да е излезен од филмскиот хит „Матрикс“ (Матрица).

Енрике, кој сега е шпански селектор, со Меси ја освои тројната титула со Барселона во 2015 година и 48-годишниот Шпанец зборувајќи за „Радио Каталуња“ ги опиша квалитетите на Аргентинецот.

„Зборуваме за гениј, зборуваме за Матрикс, како кога сликата одеднаш се успорува и тој може да прави што сака. Ете тоа го прави Меси. Не верувам дека има некој друг кој го може тоа. Андрес Иниеста имаше слична периферна видливост. Само тие двајца го имаа тоа чувство“, вели Енрике.

Сепак, тој признава дека имал и конфликти со Меси, по конфликтот на тренинзите кога Енрике не му дал на Меси да шутира слободен удар. По ова, Меси беше оставен на клупата при поразот од Реал Сосиедад (1:0), пред двајцата да се смират.

„Имаше тензија, која јас не ја барав, но на крајот морав да се справам со тоа. Сега, можам да гледам само добри работи за него“, вели Енрике.

Scroll to Top