Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека опсесијата за освојување на Лигата на шампионите не му носи ништо добро на клубот.
Јувентус, во вторник, ќе го одиграат осмина-финалниот реванш против Атлетико. Првиот меч во Мадрид заврши со победа на шпанскиот тим 2:0. Јувентус последен пат биле европски шампиони во 1996 година.
„Откако сум јас тука Јуве секогаш бил меѓу кандидатите за титулата, а кога доаѓав постоеше голема доза на скептицизам кон мене, тимот и клубот. Секогаш сме играле во нокаут фазата два пати стигнавме до финалето. Не тоа лесно. На Баерн им беа потребни десет години, а Челси го освоија трофејот кога не заслужија, бидејќи беа во лоша позиција во тоа финале“, рекол Алегри и дополнил.
„Мислам дека не треба да се гледа негативно на ова, па ние направивме одлична работа со пласманот во осмина-финалето. Сигурно чекориме кон осмата титула. Мислам дека очекувањата се премногу големи и дека се претворија во опсесија. Играњето во ЛШ е задоволство и радост. Тоа е поинакво натпреварување, се случува топката лошо да отскокне и потоа нема време да се вратиш, веќе си испаднал“, заклучил тренерот на Јувентус.