УЕФА ги смени правилата во ждрепката за Лигата на шампионите. По завршувањето на осмина-финалната фаза, ќе бидат извлечени двојките за четврт и полу-финалето.
На 15 март ќе биде познат целиот костур во Лигата на шампионите. УЕФА покрај четврт и полу-финалните двојки ќе го одреди и административниот домаќин во финалниот меч, што ќе се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Последен пат на ваков начин се одредуваа двојките во 2012 година. Потоа имаше ждрепки по секоја завршена фаза.