Top Sport

Гвардиола се договорил со „старата дама“

Англиските медиуми, во саботата, лансираа ексклузивна или можеби сензационална вест, дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Гвардиола има цврст договор со „граѓаните“ до јуни 2021 година, но медиумите тврдат дека тој барал нов предизвик. Трофејниот тренер во кариерата работел и во Шпанија, односно Германија.

Наводно наредниот предизвик на Гвардиола ќе биде Јувентус.

Тврдењата медиумите ги темелат на нарушените односи помеѓу тренерот и претседателот на „старата дама“, по поразот од Атлетико во Мадрид (2:0), по првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Англичаните тврдат, дека Алегри сигурно ќе замине од Јувентус и дека Гвардиола веќе им ветил на луѓето од Торино дека ќе потпише четири годишен договор.

Дополнителна тежина на оваа информација и дава новинарот Луиџи Џуелпа, кој летото прв објави дека Кристијано Роналдо ќе пристигне во Торино.

„Дека Пеп се договорил со Јувентус му кажа истата особа од која дознав дека во клубот ќе дојде Роналдо“, изјавил Џуелпа за радиото „ЦРЦ“.

Scroll to Top