Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, за малку ќе предизвикал инцидент на „Паркот на Принцовите“, објавија француските медиуми.
Во средата, Манчестер Јунајтед приредија сензација, победија 3:1 и ги елиминираа ПСЖ од Лигата на шампионите, иако по првиот меч имаа негатива од 0:2.
Кантона, заедно со ѕвездата на ПСЖ Нејмар и неговиот татко Нејмар сениор мечот го следеа од ВИП делот на стадионот, каде имало уште многу полуларни личности од светот на спортот ми шоу-бизнисот.
Кантона, навивал за својот тим, а во еден момент се случила вербална расправија со Нејмар постариот. Французите пишуваат дека навремената интервенција на обезбедувањето спречила физичка пресметка помеѓу нив двајца.
Подоцна, Кантона заедно со менаџерот Оле Гунар Солскјер и поранешниот менаџер Алекс Фергусон ја славел големата победа.