Top Sport

Валверде: Солари е добар тренер како Мурињо и Зидан

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, го поддржал колегата од Реал Мадрид, Сантијаго Солари, кој според медиумите ги брои последните денови на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал игра лоша сезона, а Солари не успеа да го врати тимот на вистинскиот пат откако ја презеде функцијата од Хулен Лопетеги. Во една недела Реал испаднаа од Купот на Шпанија и Лигата на шампионите, а имаат 12 бода помалку од Барселона во првенството.

Катастрфата од Ајакс (1:4), во Лигата на шампионите, го зголеми притисокот врз Солари. Медиумите шпекулираат дека од понеделник тој веќе нема да биде тренер на Реал.

Со „кралскиот клуб“ се поврзуваат Жозе Мурињо и Зинедин Зидан.

„Те се добри тренери тука нема никаква дилема. Докажани се. Но докажан е и Солари“, рекол Валверде, чии тим вечерва ќе го пречека Рајо Влјекано во рамките на 27 коло.

Scroll to Top