Top Sport

Мундо Депортиво: Кутињо ќе се пресели во ПСЖ

Фелипе Кутињо во летниот преоден рок ќе ја напушти Барселона, тврди „Мундо Депортиво“. Според овој извор Бразиелцот кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен.

Кутињо пред нешто повеќе од една година од Ливерпул се пресели во Барселона за сума од 140 милиони евра, но на „Камп Ноу“ не го покажува својот потенцијал.

Оваа сезона најчесто е резерва, бидејќи кај Валверде предност во стартниот тим имаат Ракитиќ, Артур, Дембеле.

ПСЖ и во минатото покажуваа интерес за Бразилецот, меѓутоа тој во јануари минатата година ја одбра Барселона.

Прашање е само како ПСЖ ќе ја спроведат „операцијата Кутињо“, со оглед на тоа што имаат проблеми со финансискиот фер-плеј, а за Бразилецот ќе треба да издвојат најмалку 100 милиони евра.

Кутињо оваа сезоана има одиграно 38 натпревари во сите натпреварувања, но на само 15 бил во стартниот состав. Во статистиката запишал осум гола и пет асистенции.

Scroll to Top