Жофри Кондогбија, фудбалер на Интер кој сезонава настапува во Валенсија, има желба да остане во овој шпански прволигаш. Кондогбија има договор со Интер и двата клуба треба да решат каква ќе биде иднината на фудбалерот.
„Среќен е во Валенсија и во наредниот период ќе го најдеме најдоброто решение за него и за двата клуба“, рекол братот на Кондогбија, Еванс, кој воедно е и негов менаџер.
Играчот од редот за врска пристигна во Валенсија во летниот преоден рок откако одигра две лоши сезони во Интер, каде што дојде како големо засилување.
„Жофри чувствува дека има сè што му е потребно во Валенсија, го донесе и семејството тука. Сака уште многу години да остане во Валенсија“, истакнал Еванс и дополнил.
„Сè уште има договор со Интер и не можете да знаете што може да се случи, но моја работа е да најдам најдобро решение. Се надевам дека ќе остане во Валенсија“.
Валенсија оваа сезона игра одлично во шпанското првенство и е еден од трите непоразени тима, а по 11 кола има 27 бода и се наоѓа на второто место.