Top Sport

Обвинетиот за корупција во фудбалот си го одзеде животот

Хорхе Делхон, поранешниот аргентински адвокат кој беше вмешан во случајот за корупција во Светската фудбалска федерација (ФИФА) си го одзеде животот во вторникот, неколку часа откако беше обвинет за примање мито.

Обивнителите во Њујорк тврдат дека 52-годишниот Делхон земал 2 милиони долари мито за да ги додели ТВ-правата за Светските првенства. Тој работеше за „Фудбал за сите“, аргентинска владина програма која ги имаше ТВ-правата за Аргентина.

Делхон беше еден од многумината обвинети поврзани со ФИФА кои земале мито за давање договори на богатиот јужноамерикански пазар, а еден од клучните сведоци е експертот за спортски маркетинг, Алехандро Брузазко, кој изјави дека му плаќал на Делхон и на уште еден чиновник од Аргентинската фудбалска федерација 500.000 долари секоја година од 2011 до 2014 за да ги обезбеди правата.

Неколку часа подоцна, полицијата во Буенос Аирес објави дека Делхон се самоубил. Судењето во Њујорк треба да трае најмалку пет недели, откако американските федерални власти и ФБИ од мај 2015 го истражуваат случајот и имаат обвинето над 40 спортски официјални лица, вклучувајќи го и суспендираниот поранешен претседател на ФИФА, Сеп Блатер.

Scroll to Top